четврток, 22. април 2021. Вести денес: 101
home Познати

Новогодишна бајка: Свекрвата на Каролина ги надмина сите во украсување на домот (ФОТО)

Новогодишна бајка: Свекрвата на Каролина ги надмина сите во украсување на домот (ФОТО)

Во неколку изјави досега за медиумите, свекрвата на поп-пејачката Каролина Гочева и мајка на нејзиниот сопруг Михаил Корубун, Лиле, кажа дека нивниот дом е гнездо на уметноста.

И навистина е така, а во тоа низ годините на социјалните мрежи тоа најдобро го знаат нејзините следбеници и пријатели.

Совршенството според  замислата на оваа уметница, владее и за време на Нова година и празниците.

Па така, не минува ниту еден празник или Божиќ без Лиле да го украси својот дом и да го претвори во бајка. Иако е позната како моден креатор и уметник, Лиле Корубин за себе вели дека е жена-естет, сопруга на сликар, мајка и домаќинка. А својата креативност покрај во професијата ја користи и за останатите нешта во домот.

На социјалните мрежи таа не е многу активен корисник, но кога смета дека има нешто убаво за око, тоа го објавува.

Па така, како доказ дека е голем колекционер на новогодишни украси, потврди со тоа што семејниот дом изобилува со нив.

Со ваква декорација, да ти е мерак да седиш дома, а веруваме дека снаата и синот исто така уживаат во оваа магија кога доаѓаат во посета.

Вистина.мк

Најнови вести

Коронавирус