четврток, 9. декември 2021. Вести денес: 1
home Познати

Нови проблеми за Тања Савиќ, Душан се враќа во Србија со адвокати

Нови проблеми за Тања Савиќ, Душан се враќа во Србија со адвокати

Српската пејачка Тања Савиќ ужива со синовите Максим и Ѓорѓе кои сега живеат со неа во Србија, со поранешниот сопруг Душан најавува дека ќе се бори за децата.

Имено, Душан за Телеграф Џетсет открива дека го чека датумот за судењето за да започне судски процес против Тања во Србија.

-Доаѓам во Србија со своите адвокати. Прво се чека да ни дозволат излез од Австралија поради коронавирусот и датум за судењето. Кога датумот ќе биде познат и ќе би одобрат излез, доаѓам во Србија, а тоа ќе биде наскоро, открива Душан.

Тој најави дека ќе дојде во Белград каде пред српските државни органи ќе покрене процес за заедничко старателство над синовите. Децата на почеток на летот по налог на судот во Австралија и беа вратени на пејачката, но Душан не се откажува и најавува жестока судска борба со докази.

Тања по повод овие пишувања изјавила дека тој може да се бори каде сака.

 

Коронавирус