понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 75
home Познати

Нови проблеми за Северина: Судијката која ѝ го одзеде старателството, сега ја тужи пејачката

Нови проблеми за Северина: Судијката која ѝ го одзеде старателството, сега ја тужи пејачката

Нема крај на судските процеси во кои е вклучена хрватската пејачка Северина Којиќ. Борбата за старателството над синот Александар со поранешниот партнер Милан Поповиќ, не ѝ е единствениот судски процес.

Судијката Луција Ласиќ ја тужи хрватската пејачка Северина Којиќ поради навредите кои пејачката ги изнела на нејзина сметка.

Според пишувањата на хрватските медиуми, поради изјавата која Северина ја дала на прес-конференција воочи својата регионална турнеја „The Magic Tour“ во октомври 2019 година, судијката решила да покрене тужба против пејачката за навреда на честа.

Инаку, Луција е судијката која ѝ го одзеде старателството на Северина над синот Александар и му го додели на српскиот бизнисмен Милан Поповиќ.

Северина неодамна во фокусот на јавноста заврши и поради наводното раскинување на соработката со менаџерот Ален Кључ, но таа набрзо тоа го демантираше.

Коронавирус