сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Познати

Нови детали за Болдвин: Му кажале дека пиштолот е безбеден

Нови детали за Болдвин: Му кажале дека пиштолот е безбеден

Пиштолот од кој познатиот холивудски актер Алек Болдвин испукал куршул на снимање на филм и усмрти една жена, а го рани режисерот, му го дал помошникот на режисерот.

Би-Би-Си повикувајќи се на записник од судот објавува дека помошникот му рекол на Болдвин дека оружјето е безбедно.

Неименуваниот помошник режисер не знаел дека реквизитот е наполнет со боева муниција и пред снимање на сцената потврдил дека пиштолот е празен извикнувајќи „студен пиштол“, стои во записникот.

Директорката на фотографија Халина Хачинс беше смртно погодена во градите, а режисерот Џоел Соуза кој стоел над неа е ранет. По лекарската помош во болница е пуштен на домашно лекување.

Во записникот се наведува дека крвавата облека на Болдвин е земена како доказен материјал заедно со пиштолот, а полицијата од филмската екипа ги земала целата муниција и сите оружја кои ги имале.

Меѓу реквизитите има оружја од кои воопштво не може да се испука куршум (извадена е ударната игла), но на снимањето се користи вистинско оружје кое се полни во таканаречените ќорци.

Иако досега не е познато кое оружје е користено за снимање на филнот, во вчерашната изјава надлежните истакнале дека помошник режисерот на филмот само земал еден од трите пиштоли кои оружарот ги ставил на масата, му го однел на Болдвин и викнал „студен пиштол“ што значи дека во него нема муниција и може да се користи за снимање на сцената, пренесува Ројтерс.

Коронавирус