петок, 16. април 2021. Вести денес: 150
home Познати

НОВИ ДЕТАЛИ: Меган го остави светот без зборови – „Арчи ја нема титулата принц бидејќи се плашеа колку темна ќе му биде кожата“

НОВИ ДЕТАЛИ: Меган го остави светот без зборови – „Арчи ја нема титулата принц бидејќи се плашеа колку темна ќе му биде кожата“

Иако првично било најавено дека интервјуто на Меган Маркл и принцот Хари со Опра Винфри ќе трае 90 минути, поради големиот интерес се емитувала полната верзија од 120 минути.

Во мега интервјуто парот открива шокантни детали, а меѓу нив и зошто нивниот син Арчи ја нема титулата принц. Меган открива дека таа и Хари не се откажале од титулата на Арчи, туку дека тоа било одлука на палатата.

-Најважната улога која ја има имам е мајка. Бев прв член на семејството со темна боја на кожата. Кога си член на монархија, како внуче стануваш принц. Му ја земаа, а никој не ми објасни зошто. Пред да се роди детето му оневозможија да ја има сигурноста која ја имаат другите внуци. Во медиумите пак, се појави информации дека ние сме тие кои не ја сакале титулата. Додека бев бремена и додека се зборуваше за неговата титула и за заштита, се зборуваше и за тоа колку кожата ќе му биде темна, открива Меган.

Опра ја прекинала тука и ја прашала кој го водел тој разговор со неа, на што Меган одбила да одговори велејќи дека би било многу штетно јавноста да дознае за кого станува збор.

-Семејството со Хари повеќе пати водеше таков разговор, како ќе изгледа тоа во семејството, како детето ќе се вклопи. Тогаш Хари почна да сфаќа што точно се случува околу нас, како не’ саботираат, а чашата секако се прелеа по нагаѓањата за бојата на кожата на нашиот син, откри Меган.

Најнови вести

Коронавирус