петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 112
home Познати

„Новата јас“: Антониа Гиговска ја завршува 2020 година во секси поза со гол стомак и горно бикини (фото)

„Новата јас“: Антониа Гиговска ја завршува 2020 година во секси поза со гол стомак и горно бикини (фото)

Со оглед на тоа дека македонската музичка естрада поголем дел од 2020 година имаше забрана за настапи, голем дел од изведувачите не многу работеа на музичката кариера или пак новите песни ги оставија за подобри времиња.

Но затоа, за да ги има пред публиката и да не бидат заборавени, особено пејчките не се оставија без фотосесии и соработки со брендови кои ги промовираат на Инстаграм.

Младата пејачка Антониа Гиговска неодамна се пофали дека ослабела 16 килограми, а новата линија пак и донесе и нова модна соработка.

2020 година Антониа ја завршува токму со еден ваков ангажман за чии потреби позираше во секси издание како од модно списание.

Облечена во широки фрамерки, горно бикини и кусо тетсас палтенце, Антониа уште еднаш покажа дека станала риба ипол.

Пофалбите од обожавателите разбирливо не беа исклучок, а во најголемиот дел доби ласкави комплименти. 

Коронавирус