среда, 28. јули 2021. Вести денес: 150
home Познати

Новата девојка на Лазиќ е копија на поранешната – го заведе пејачот, а го демне Аца Лукас каде и да се појави, секаде ја носи неговата слика!

Новата девојка на Лазиќ е копија на поранешната – го заведе пејачот, а го демне Аца Лукас каде и да се појави, секаде ја носи неговата слика!

Вчера во српските медиуми како бомба одекна веста дека пејачот Дарко Лазиќ има нова девојка, колешката Барбара Бобак.

Имено двајцата веќе некое време се во врска и цело време се трудеа да го сокријат тоа од поширокиот круг на луѓе.

Барбара наводно е голем фан на Аца Лукас,што сведочат и фотографиите од настапите на пејачот кои ги посетувала.

-Со години говори дека желба и е да се приближи на Аца Лукас, но неодамна станала блиска со неговиот колега Дарко Лазиќ, по што прераснала љубовна романса, а Дарко не знае дека таа го сака Лукас, вели извор близок до парот.

Инаку се огласи и неговата поранешна свршеничка Марина Гагиќ со кого Лазиќ има дете, заклучувајќи дека личи на неа.

-Тој е слободен човек, може да прави што сака. Слушнав и дека има девојка која личи на мене, но мене тоа не ме интересира. Тој одамна не ме интересира и немојте повеќе да ме барате поради него, изјави Гагиќ.

Коронавирус