вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 156
home Познати

Новак и Јелена Ѓоковиќ купуваат нова вила, а еве како изгледа и каде се наоѓа (фото)

Новак и Јелена Ѓоковиќ купуваат нова вила, а еве како изгледа и каде се наоѓа (фото)

Според шпанските медиуми, најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ е фасциниран од Марбела, па решил да купи луксузна вила во ова „рајско место“ во Шпанија. Шпанските медиуми јавуваат дека Новак купува прекрасен имот и куќа во познатото летно одморалиште Коста дел Сол.

Луксузната вила има неверојатни 1.000 квадратни метри и се наоѓа на имот што се простира на околу 3.500 квадратни метри. Новата куќа има се’! Базен, огромна теретана, тениско игралиште, голема скара, девет спални соби, осум бањи, игротека, импресивна дневна соба, прекрасна градина со поглед на море …

Семејството Ѓоковиќ во последно време поминува многу време во Марбела. За време на карантинот, Новак престојуваше во ова популарно туристичко место и многу му се допадна животот во Шпанија и наводно решил да го смени живеалиштето по 10 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Сопругата на Новак, Јелена, смета дека Марбела е идеална за нивните деца да растат, особено од аспект на социјализацијата.

Тие наводно планираат Стефан и Тара да одат на училиште таму кога ќе дојде време. Марбела се наоѓа во Андалузија, на југот на Шпанија. Има околу 140 илјади жители и климата е одлична во текот на целата година.

Како изгледа рајот на Ноле можете да погледнете ТУКА

Локални избори 2021