понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 127
home Познати

НОВА БОРБА ЗА ТУЦАКОВИЌ: Се огласи нејзиниот сопруг за прв пат во јавноста, еве во каква состојба е таа

НОВА БОРБА ЗА ТУЦАКОВИЌ: Се огласи нејзиниот сопруг за прв пат во јавноста, еве во каква состојба е таа

Српскиот најдобар текстописец Марина Туцаковиќ веќе со години се бори со пеколната болест наречена рак, а во вторникот нејзиниот син Милан Радуловиќ побара помош на Твитер пишувајќи дека неговата мајка има тешко дишење.

Откако и беше пружена лекарска помош на Туцаковиќ медиумите открија дека таа е заразена со коронавирус додавајќи дека е приклучена на респиратор.

Денеска детали за нејзината здравствена состојба откри нејзиниот сопруг Александар Радуловиќ Фута.

-Марина во моментов е во болница на ковид одделението, бидејќи констатиравме дека има коронавирус. Стабилни и се сите параметри, дури и притисокот и е стабилизиран, а единствено и е отежнато дишењето, па мораа да ја приклучат на респиратор. Не е животно загрозена како што пишуваат некои медиуми, вели тој.

Нејзиниот сопруг додава дека кога следната комисија ќе открие нови детали за нејзиното здравје, тогаш со медиумите ќе споделат се што имаат.

Локални избори 2021