сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Познати

Нов шок во кралското семејство, овој пат со Вилијам и Кејт

Нов шок во кралското семејство, овој пат со Вилијам и Кејт

Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон имат три деца: принцовите Луис и Џорџ и принцезата Шарлот.

Војвотката од Кембриџ денеска присуствуваше на средба со лидерите од различни верски групи и заедници во Бредфорд, Јоркшир и потоа разговараше со присутните.

Во разговор со Џош Мекпалс, обожавател на кралското семејство кој ѝ кажа дека ѝ пратил честитки за раѓањето на сите три кралски бебиња на двојката, 38-годишната Кејт Мидлтон му рече дека најверојатно нема да биде мајка на четири деца.

„Мислам дека Вилијам не сака уште деца“, му рече Кејт на обожавателот.

Таа и Вилијам (37) за првпат се појавија во јавност откако беше објавена веста дека принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл решија да се повлечат од активните улоги како високи кралски претставници, односно дека сакаат да живеат самостојно.

Кејт и Вилијам се родители на принцот Луис кој има една година, шестгодишниот принц Џорџ и четиригодишната принцеза Шарлот.

Коронавирус