недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 81
home Познати

Нивниот однос откако се омажи нејзината ќерка веќе го дознаа сите- еве што им порача мајката на Богдана на Цеца и Вељко

Нивниот однос откако се омажи нејзината ќерка веќе го дознаа сите- еве што им порача мајката на Богдана на Цеца и Вељко

Даниела Родиќ мајката на Богдана Ражнатовиќ која од неодамна и стана снаа на Цеца наскоро ќе стане баба заедно со фолк ѕвездата.

Српските медиуми по повод доаѓањето на внукот ја запрашаа мајката на Богдана дали таа е размазена и дали во домот на Цеца сите желби и ги задоволуваат.

-Сите впечатоци од свадбата се одлични, се помина толку брзо и се беше убаво. Што се однесува до бебето нека е живо и здраво, а мене никогаш не ми беше важно дали ќе биде момче или девојче. Сите кои имаат внуци велат дека тоа е некое посебно чувство, но најверојатно имаат повеќе време да им се посветат него што ќе имам јас, истакна Даниела за српски Телеграф.

Освен тоа таа вели дека нејзината ќерка не ја размазила и по веста дека е бремена.

-Немам што да ја советувам, таа добро се чувствува, нема никакви проблеми во бременоста, не ја размазувам многу. Нека ја размазуваат Цеца и Вељко. Јас не сум размазена, па не ја воспитав ниту таа да биде таква. Има маж па нека ја размазува, вели таа.