сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 54
home Познати

Нивната секс-афера го раздрма шоу бизнисот: Беа меѓу најпознатите пејачки, а едната се издаде многу години подоцна

Нивната секс-афера го раздрма шоу бизнисот: Беа меѓу најпознатите пејачки, а едната се издаде многу години подоцна

Пејачките Гери Халивал и Мел Би имале бурна романса додека нивната група Spice Girls во текот на 90 години од минатиот век била на врвот на својата слава. Првично се појавиле тврдења од неименувани извори, а сега тоа го потврди и нивниот текстописец.

Новиот извор е текстописецот Елиот Кенеди кој соработувал со членките на групата Spice Girls.

“Имаа бурна врска, тој X factor и енергија”, изјави Кенеди.

Романсата помеѓу Гери и Мел Би се најде во фокусот на вниманието во пресрет на претстојната турнеја, а Мел Би признала дека имала сексуален однос со колешката.

“Ќе ме мразите поради ова, бидејќи е толку “posh” во својата селска куќа со својот сопруг. Но, тоа е факт, се случи и двете започнавме да се смееме. Тоа беше се. Бевме најдобри пријателки, тоа едноставно се случи. Дали некогаш сте го направиле тоа? Да, го кажав тоа и готово е”, изјавила Мел Би.

46-годишната Гери е омажена за Кристиан Хорнер и ги демантирала овие тврдеа, а се зборуваше и дека турнејата би можела да биде откажана поради нивното бурно минато.

Мел Би тврди дека било секс за една вечер, но изворите тврдат дека романсата траела една година.