петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 0
home Познати

Николас Кејџ добил 20.000 долари на коцка и ги дал во хуманитарни цели

Николас Кејџ добил 20.000 долари на коцка и ги дал во хуманитарни цели

Во заеднички интернет-разговор за порталот „Интервју“, Николас Кејџ му се пофали на металецот Мерилин Менсон, оти во една прилика, со 200 негови долари добил 20.000 долари на коцка и сите ги подарил во хуманитарни цели.

– Последниот пат кога се коцкав беше пред околу 30 години… Бев на Бахамите, па влегов во едно казино и се чувствував како да „ја имам силата во мене“ – како ништо да не може да тргне наопаку… Мојата игра беше рулетот. Влегов со 200 долари и не утнав бројка. Дури и дамата што го врти тркалото рече: „Ништо послатко од повторувач“. За 20 минути претворив 200 долари во 20.000 долари, па излегов и најдов сиропиталиште на Бахамите, ги запознав сите деца и директорката и им реков: „Ова е за вас…“ Ѝ ги ставив 20-те „илјадарки“ во нејзината рака (на директорката), си отидов и никогаш повеќе не се коцкав, бидејќи ако продолжев, тоа ќе ја уништеше моќта на токму тој миг!, раскажува глумецот.

Николас Кејџ – генијалец во коцкање и добротвор – дали тоа е точно? Никој не знае со сигурност, но како што гласи еден од коментарите на гледачите потоа – „доволно е откачено“ за да биде вистина.

Оваа година, обожавателите ќе можат да го погледнат Кејџ во акциониот филм „Џиу џицу“, чиешто прво прикажување е најавено за следниот месец.

Коронавирус