вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 86
home Познати

Никој не претпоставувал што им подготвува животот: Новата девојка на Петар Грашо била главна ѕвезда во спот на неговата тогашна партнерка

Никој не претпоставувал што им подготвува животот: Новата девојка на Петар Грашо била главна ѕвезда во спот на неговата тогашна партнерка

Ќерката на познатиот музичар неодамна го освоила срцето на атрактивниот пејач, а сега испливал еден интересен податок.

Хана Хуљиќ (31), ќерката на Тончи Хуљиќ (59), во врска е со Петар Грашо (46), пишуваат хрватските медиуми.

Како што пренесуваат тие, Данијела Мартиновиќ (50), некогашната членка на групата „Магазин“, со која Грашо бил во вонбрачна заедница 24 години, уште ја следи Хана на Инстаграм, но не и својот поранешен партнер.

Со оглед дека Данијела соработувала со нејзините родители и се дружела со нив со децении, ја гледала и Хана како расте, сега фановите се сетиле дека тие и соработувале пред многу години. Имено, тогаш 3-годишната Хана се појавила во спотот на групата „Магазин“ за песната „Дојде време“

Таа најпрвин на телевизија го гледа настапот на Данијела и се смешка, а потоа пејачката се појавува во просторијата и ја носи некаде, насмеана и разгалена.

Петар Грашо и Данијела заедно поминале речиси две и пол децении, а живееле во луксузен пентахус во Загреб, во кој моментално живее само пејачката.

Пејачот наводно е во врска со Хана неколку месеци, а видени се заедно во Загреб и Сплит.

Најнови вести

Локални избори 2021