понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 52
home Познати

„Никогаш посилни“: Додека чекаат бебе, Луна и Марко имаат друг повод за славење

„Никогаш посилни“: Додека чекаат бебе, Луна и Марко имаат друг повод за славење

На денешен ден, пред две години, Луна Џогани и Марко Миљковиќ влегоа во љубовна врска. Денес слават годишнина, а по тој повод се огласи победничката во „Задруга 2“.

Бремената Луна го објави својот емотивен статус, кој му го посвети на вереникот Марко.

-Среќна годишнина. 2 години сè и сешто, а ние никогаш посилни. За нас го посакувам сето ова секоја година, едвај ја чекам следната годишнина кога ќе ја прославиме со нашето мало девојче – напиша Луна на Инстаграм и додаде:

-Многу зборуваа, многу се сомневаа, но мислам дека никој освен нас не може да знае како се чувствуваме и колку е силно. Мислам дека НАШЕТО штотуку доаѓа и започнува … и знам дека ќе бидеш најдобриот татко на светот и затоа се радувам  да те гледам. Те сакам, око, 14.01.2019-14.01.2021!

Најнови вести

Коронавирус