сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Познати

Никогаш не се појавуваат зaедно во јавноста: Еве како изгледа сопругата на Босанац со која е цели 44 години (ФОТО)

Никогаш не се појавуваат зaедно во јавноста: Еве како изгледа сопругата на Босанац со која е цели 44 години (ФОТО)

Композитор и член на жирито „Ѕвездите на Гранд“, Драган Стојковиќ Босанац е познат како некој кој нема влакна на јазик кога се во прашање музиката и естрадата.

Сепак, својот приватен живот го чува далеку од очите на јавноста, па затоа мал број на луѓе знаат како изгледа неговата сопруга Дуња со која е цели 44 години во брак и со која го има синот Александар и ќерката Александра, позната како Џиџи.

Тој само еднаш зборуваше за нивната љубов, и во таа прилика истакна дека секогаш знаел дека таа е вистинска.

– Мило ми е што мојата сопруга никогаш не сакаше да биде sвезда преку друга sвезда. Таа е мојата најголема и искрена поддршка во однос на нешто што се вика љубов кон семејството и децата, а јас доаѓам овде како сопруг. Вистинската работа е кога тоа ќе се почувствува.

– Внимава на мене и ми ја готви омилената храна. Навистина сакам полнети пиперки, а таа ги прави извонредно, како и кадаиф. Имам пробано многу кадаиф, но кадаиф на мојата Дуња може да се спореди само со онаа од Истанбул – рече Драган Стојковиќ.

Коронавирус