сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 1
home Познати

Никако да ја засакаат новата снаа: Тоа што го може Кејт, за Меган не важи

Никако да ја засакаат новата снаа: Тоа што го може Кејт, за Меган не важи

Кралското семејство реагира на веста дека кралицата Елизабета Втора ѝ забранила на војвотката од Сасекс да носи одредени парчиња накит од богатата кралска колекција додека за војвотката Кејт забраната не важи.

Извори од Бакингамската палата тврдеа дека наводно кралицата многу се налутила што Меган била терсене пред свадбата, се лигавела и си мислела дека е ѕвезда, па на персоналот му велеа „Што сака Меган, тоа и ќе добие”, но и по свадбата продолжила со слично однесување. Освен кралицата и другите повозрасни членови на кралското семејство не се особено воодушевени од новата снаа.

Кралската колекција не е приватна сопственост на кралицата, туку на суверенот и неговите наследници и нацијата. Сепак, кралицата поседува и сопствени парчиња накит, круни, тијари, ѓердани и обетки. Таа им ги дава на членовите на кралското семејство за формални пригоди и државни посети, по сопствена дискреција.

Бакингамската палата објави дека новите строги правила на кралицата ќе се применуваат за Меган во обид да се „одржи ред, хиерархија и предност“ во рамките на кралското семејство.

-Кралскиот накит се носи во екстремно посебни пригоди или при државни настани, а едноставно немало многу такви откако Меган стана членка на кралското семејство, велат од Бакингамската палата.