понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Познати

Ни трага, ни глас од големата филмска ѕвезда: Најблиските во страв, не знаат дали се крие поради долгови или се случило нешто лошо

Ни трага, ни глас од големата филмска ѕвезда: Најблиските во страв, не знаат дали се крие поради долгови или се случило нешто лошо

Најголемата кинеска ѕвезда, актерката Фан Бингбинг, исчезна без траг, па дури и нејзиниот вереник ги избриша сите нејзини фотографии.

Актерката Фан Бингбинг, петта најдобро платена филмска ѕвезда ваднаш зад Џенифер Анистон и пред Шарлиз Терон, исчезна од јавноста пред два месеца. Тогаш избил скандалот со актерите во Кина, кои не ги пријавувале сите свои приходи.

Тогаш преку своето стуфио, Фан ги отфрли обвинувањата. Дури и деталите околу оваа објава се сомнителни зашто во неа се вели дека актерката е „ставена под контрола и ќе се соочи со законската пресуда“. Но , оваа објава набргу беше отстранета, а избришана е и од сите медиуми и социјални мрежи каде што се појавила.

Во меѓувреме од славната актерка се дистанцираа и компаниите и брендовите, а нејзиниот вереник ги избришал сите нејзини фотографии и објави за неа од својот профил. За тоа време, никој не знае што се случило со најславната кинеска актерка, која беше редовен гостин на сите големи филмски фестивали во светот.

Се шпекулира дека Фан станала премногу популарна и влијателна за вкусот на владејачките структури во Кина.

Коронавирус