петок, 4. декември 2020. Вести денес: 0
home Познати

Незабележано досега: Принцот Хари и Меган ги враќаат подароците од венчавката, прифатиле само еден

Незабележано досега: Принцот Хари и Меган ги враќаат подароците од венчавката, прифатиле само еден

Принцот Хари и неговата сопруга Меган ќе ги вратат подароците од свадба вредни седум милиони долари, бидејќи според правилата не смеат да примаат дарови од луѓе кои лично не го познаваат кралското семејство или компании кои сакаат промоција.

Имено Хари и Меган се на меден месец во Канада, но размислуваат за тоа кои свадбени подароци да ги вратат, пренесуваат медиумите.

-Ги одбија сите подароци на луѓе од Велика Британија кои лично не ги познаваат членовите на кралското семејство. Секогаш има загриженост околу исправноста на подараоците и мотивите поради кои некој нешто им подарува-рекол извор близок на кралскотот семејство.

Хари и Меган пред венчавката нагласија дека не очекуваат подароци, туку сакаат нивните гости да донираат пари во добротворни организации.

Подарок кој можат да го задржат е пар коали кои ќе бидат во зоолошката градина Тарагон во Сиднеј, а се викаат Хари и Меган.

Коронавирус