петок, 4. декември 2020. Вести денес: 141
home Познати

Невиден луксуз и „кралско“ мени: Први фотографии од ресторанот каде ќе се одржи свадбата на Вељко и Богдана (ФОТО)

Невиден луксуз и „кралско“ мени: Први фотографии од ресторанот каде ќе се одржи свадбата на Вељко и Богдана (ФОТО)
Foto: Pink

Вељко Ражњатовиќ и Богдана Родиќ денеска ќе го изговорат судбоносното „да“, а после венчавката којашто ќе се одржи во Храмот Свети Сава, следи свадбената веселба која што ќе се одржи во хотелот „Хајат“ во Белград.

Foto: Pink

На самиот влез е поставена декорација од бел цвет со балони со иницјалите на младенците.

Foto: Pink

Внатре во објектот се наоѓа големо украсено дрво, а освен тоа на сите страни се поставени балони во златно бела боја.

Foto: Pink

Цеца не штетеше пари, па на менито ќе има сешто.

Според српските медиуми свадбата ќе наликува на кралска венчавка, бидејќи сепак Цеца еднаш го жени синот единец.

Доказ дека пејачката не штеди за свадбата на синот е и менито кое со кое ќе бидат почестени утре сите 500-тина гости.

Имено Цеца посакала на свадбата да биде служено „кралско мени“ кое чини 75 евра по лице и ги вклучува најлуксузните јадења и пијалаци, па така според оваа математика таа ќе искешира само 36 илјади евра во ресторанот, без претходните трошоци кои ќе ги има семејството.

Менито кое го барала Цеца да го има на венчавката на синот се содржи од предјадење, главно јадење, супа и десет, како и пијалак.

Па така на менито кое е именувано како „кралско“ ќе има бифтек, кралска шеф салата, лосос со кокосово млеко, патка прелиена со сос од боровница, ќе се пијат најскапи алкохоли и виски, а за време на свадбената торта ќе се служи и моет.

Коронавирус