среда, 13. ноември 2019. Вести денес: 0
home Познати

Неверството ќе го чини 70 милијарди долари: Беше најбогат човек во светот, сексот го тргна од тронот

Неверството ќе го чини 70 милијарди долари: Беше најбогат човек во светот, сексот го тргна од тронот

Основачот на компанијата Амазон и најбогат човек на листата на Форбс листата се разведува од сопругата после 25 години брак, а ќе мора да и исплати околу 70 милијарди долари, што е половина од неговото богатство.

Џеф Безос (54) чие богатство се проценува на 140 милијарди долари, ќе мора на половина да го подели својот имот со сопругата Мекензи бидејќи немале предбрачен договор, а се појавија информации дека ја изневерувал.

Според пишувањето на странските медиуми, Безос бил фатен во неверство со водителката Лорен Санчез, а деталите за овој случај ги полнат таблоидите ширум светот.

Како што пренесува „Сан“ Безос на својата љубовница и испраќал експлицитни фотографии и пораки толку “сочни“ што американските таблоиди не сакале да ги објават. Таа тие пораки наводно и ги проследила на пријателките, а тие на крајот завршиле во јавноста, а тоа создало проблеми во врската на најбогатиот човек на светот и водителката.

Како што пишуваат странските таблоиди, Безос и испраќал и романтични пораки како: Полн сум со љубов спрема тебе. Срцето ми расте само за да направи место за тебе.

Парот се состанувал тајно на разни места, а Безос “љубовницата ја возел по светот со својот приватен авион“, пишуваат медиумите.

Невеството, наводно, било откриено кога неговата сопруга видела име на непозната жена на списокот на патници на приватниот авион.

Мекензи и Џеф се венчале пред повеќе од две децении и имаат четири деца, три сина и посвоено девојче од Кина.