четврток, 13. август 2020. Вести денес: 160
home Познати

Неверојатна трагедија: Почина и ќерката на Нелсон Мандела!

Неверојатна трагедија: Почина и ќерката на Нелсон Мандела!

Ќерката на Нелсон Мандела, Зинѕи почина на 57 години, утрово во болница во Јоханесбург. Во овој миг таа ја извршуваше функцијата амбасадор на Јужна Африка во Данска.

Ќерката на познатиот јужноафрикански лидер и борец против апартхејдот, стана позната во 1985 година кога го прочита славното писмо на нејзиниот татко со кое тој ја отфрли понудата на властите за амнестија, под услов јавно да признае дека се повлекува од неговото „движење засновано на насилство“.

Зинѕи го прочита тоа писмо на масовен протест, настан што беше пренесуван на телевизија низ целиот свет.

Зад себе таа остави сопруг и четири деца. (МИА)

Коронавирус