понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 57
home Познати

Нереална убавина на Ирина Шајк: Бруталното деколте доминираше на премиерата на поранешниот партнер (ФОТО)

Нереална убавина на Ирина Шајк: Бруталното деколте доминираше на премиерата на поранешниот партнер (ФОТО)

Познатата манекенка Ирина Шајк го украде целото внимание на светската премиера на „Nightmare Alley“ во кој глуми нејзиниот поранешен партнер, холивудскиот заводник Бредли Купер, кого дефинитивно го засени, барем визуелно.

Деновиве се шпекулира дека Ирина и Бредли наводно и дале втора шанса на својата љубов, а нејзиното појавување во бомбастичното издание и поддршката што му ја пружи на Купер ги подгреа шпекулациите.

Ирина блесна во панталоните и јакната со риги, под кои имаше необичен кожен детаљ направен од панделки кои едвај и ги покриваа градите и малку и оставаа на фантазијата.

„Каква бомба!“, „Мачка и пол“, „Бредли на апарати“, „Вака се враќа бившиот“, „Сите само гледаат во неа“, „Ирина Шајк доминираше“, „Леле каква жена!“ , „Бредли, а каде е Лејди Гага“, „Изгледа нереално“, се дел од коментарите.

Гласините за помирувањето на Ирина и Бредли се појавија по блиските прошетки со нивната ќерка Лео Де Сен, во кои тие се почесто одат заедно и разменуваат топли прегратки и нежности.

Романсата на Ирина и Бредли започна во мај 2015 година, набргу откако тој ја раскина врската со Суки Ватерхо, а таа со Кристијано Роналдо, а една година подоцна ја објавија радосната вест дека чекаат дете. Крајот на љубовта дојде во 2019 година, откако Бредли го сними филмот „Ѕвездата е родена“ со Лејди Гага и по приказните дека тие двајца се повеќе од пријатели, иако тие тоа го негираа.

Најнови вести

Коронавирус