понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 81
home Познати

Немаше во Југославија поголем боем од него, а вака изгледа неговата ќерка-наследничка (ФОТО)

Легендарниот Тома ја доби Жаклина од бракот со Олгица. Врската на пејачот и убавата црнокоса брзо се развиваше, но бракот не траеше долго. Се венчаа во 1963-та година, а се разведоа само неколку месеци после венчавката.
Немаше во Југославија поголем боем од него, а вака изгледа неговата ќерка-наследничка (ФОТО)

Тома Здравковиќ беше пејач, композитор и пред се текстописец.

Тешко дека ќе најдете личност родена во Југославија која не знае кој беше тој и што значеше за естрадата.

Споменот за него го чува неговата наследничка, ќерката Жаклина Здравковиќ.

Легендарниот Тома ја доби Жаклина од бракот со Олгица. Врската на пејачот и убавата црнокоса брзо се развиваше, но бракот не траеше долго. Се венчаа во 1963-та година, а се разведоа само неколку месеци после венчавката.

Жаклина е прво деке на Тома, а денес живее во Холандија. Мајка е на две деца.

Во Србија секогаш се враќа негувајќи го споменот за својот татко, а често е дел од манифестации организирани во негова чест.

Во огромниот број на песни на легендарниот пејач, неговата ќерка има своја омилена. Станува збор за песната „Тажно лето“.

Споменот за својот татко го чува и синот на Тома, Александар Живковиќ, добиен од бракот со сопругата Гордана. Наследникот живее во Америка и работи музичка продукција.