четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 85
home Познати

„Нема повеќе пари од пеење“: Марија Шерифовиќ ја менува професијата

„Нема повеќе пари од пеење“: Марија Шерифовиќ ја менува професијата

Веќе е општо познато дека пандемијата на коронавирусот ги остави музичарите без работа, откако беше наложено да се откажат сите настапи.

Поради тоа, пејачката Марија Шерифовиќ одлучила привремено да ја промени професијата, а за таа голема одлука со денови ги известува своите следбеници на социјалните мрежи.

„Станувам Јутјубер, бидејќи нема пари од пеење. Ќе пеам следната година“, вели Шерифовиќ на Инстаграм-стори.

Практично, пејачката со ова најави дека својата кариера веќе ја започнала на својот Јутјуб канал, каде ги насочи своите следбеници.

Дека таа не е единствената која бара излез од тешката ситуација покажува и фактот дека голем број пејачи се посветуваат на други професии.

 

View this post on Instagram

 

Ubi vetar majke mi 💨☀️🍦😂🍉🍣

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic) on

Коронавирус