петок, 14. мај 2021. Вести денес: 6
home Познати

НЕМА МЕСТО ЗА ЉУБОВ: Нив бракот од корист им беше на прво место- на своите сопружници им земаа големо богатство

НЕМА МЕСТО ЗА ЉУБОВ: Нив бракот од корист им беше на прво место- на своите сопружници им земаа големо богатство

Се стекнаа со богатство со еден паметен потег- развод! Некои од нив пред бракот со познатите личности едвај спојувале крај со крај, но животот потполно им се свртел

Погледнете кои се некои од „најсреќните“ разведени познати:

Бритни Спирс и Кевин Федерлајн

Кога ја запознал Бритни Спирс, Кевин Федерлајн бил танчер кој живеел во изнајмен стан. После разводот од пејачката чие богатство се проценува на милиони, Кевин успеал да ја зголеми својата банкарска сметка и тоа многукратно. Добивајќи и целосно старателство над децата, како и куќата на Малибу, која ја пејачката ја купи додека беа во брак, може да се каже дека разводот од Бритни не му паднал воопшто тешко.

Кеш Ворен и Џесика Алба

Кеш Ворен работеше како асистент продуцент на филмот „Фантастична четворка“. Му тргна од рака да го освои срцето на една од тогаш најплатените актерки во Холивуд, Џесика Алба. Оваа врска, подоцна и брак го прославија Кеш, кој денес е најпознат филмски продуцент на светот.

Лусијана Барозо и Мет Дејмон

Лусијана Барозо работела како келнерка во бар. Била приморана да работи дупли смени и да ги служи гостите. Животот и се променил од корен во 2003 година, кога во нејзиниот бар влегол познатиот актер Мет Дејмон. Од келнерка во бар стана сопственик на ланец угостителски објекти, би можело да се каже преку ноќ…

Габриел Обри и Хали Бери

Манекенот Габриел Обри тешко наоѓаше работа, но животот потполно му се промени кога се ожени со оскаровката Хали Бери. После пет години следеше бурен развод, од кој исто така извлече ќар. Актерката на манекенот му уплатува месечно по 16.000 на име алиментација.

Коронавирус