Поп-пејачката Тамара Toдевска, која му беше најдобра другарка на Влатко Илиевски, објави стара слика на која пејачот ја држи во раце нејзината ќерка Хана кога таа била бебе.
„Ми недостигаш, сакам да си тука“, напиша Тамара на сликата што ја сподели на „Инстаграм“.
Тамара и Влатко инаку беа најдобри другари и на естрадата, но и во приватниот живо.
Често објавуваа фотографии заедно, а таа во една прилика низ солзи раскажа дека речиси секој ден се слушала со пејачот додека бил жив.
Илиевски беше пронајден починат во својот автомобил на 6 јули 2018 година.