сабота, 28. март 2020. Вести денес: 20
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Познати

Неколку пати сакаше да се самоубие, а светската слава го уништи: Ја сакаше таа која го навлече на хероин

Неколку пати сакаше да се самоубие, а светската слава го уништи: Ја сакаше таа која го навлече на хероин

Многумина говореа дека Кортни Лав и Курт Кобејн се заштитен знак на 1990-тите. Тие беа помодерна и талентирана верзија на Сид и Нанси.

Во 1992-ра година новинарот на Vanity Fair истакна дека Кортни ќе биде позната како Курт, и доколку не се случи нешто друго, тие ќе се уништат еден со друг. И беше во право!

Една година пред да ја започнат својата врска, која што ги уништи и двајцата, славата на Курт започна енормно да се развива откако целиот свет започна да се опседнува со групата Нирвана.

Двојката прв пат се запозна во 1989-та година, но не започнаа врска. Тие се сретнале повторно две години подоцна и тогаш сè започнало. Откако Лав се врати во животот на Курт, многумина тврдеа дека таа го запозна со хероинот.

По венчавката, Курт продолжил да се затвора во себе. Станал повлечен и како постојано да бил тажен. И покрај популарноста на Нирвана, пејачот немаше желба да продолжи со турнеите.

-Многу се дрогиравме. Навабувавме таблети секаде, шетавме и цело време бевме “на нешто“. Хероин користевме неколку месеци, призна Лав во интервју во 1992-ра година.

Беа ужасни во светот на дрогата, но уште поужасно силно се сакаа меѓусебно, изјави извор близок до нив.

Курт неколку пати сакал да се откаже од Нирвана, славата тешко ја поднесувал и тоа само ја влошувало ситуацијата. Неговиот живот пропаѓал.

Неколку пати се обидел да се самоубие. Во намерата успеа во 1994-та година кога си пукаше во глава. Имаше само 27 години.