среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 123
home Познати

Некогаш беа во идеален брак, а сега „војуваат“ поради 1.300 евра – Мустафа не плаќа алиментација

Некогаш беа во идеален брак, а сега „војуваат“ поради 1.300 евра – Мустафа не плаќа алиментација

Пејачите и поранешните сопружници Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал се повторно во центарот на вниманието на Босфорот, а причината за проблемот е иста – алиментација.

Иако изгледаа дека останаа блиски пријатели по распадот на бракот, дури и беа на патувања со синовите Јаман и Јавуз и позираа насмеани, поп sвездата беше шокирана пред неколку месеци кога откри дека била принудена да бара правда на суд, бидејќи нејзиниот поранешен -маж повеќе од две години не дал пари за децата, пишува „Здраво“.

– Не станува збор за личност чија финансиска состојба е лоша и која е во неволја. Ако тоа се случи еден ден, ќе работам и за него. Јас сум таква. Но, знам дека не е во криза. Иако потпишавме договор за прифаќање на нашите заеднички обврски, вклучувајќи здравствено осигурување и алиментација, се падна на мене набргу по разводот. Верувам дека правдата ќе победи – рече Емина кога проблемот стигна во јавноста, а блиски извори додаваат дека сега се соочува со нови предизвици бидејќи на децата треба да им се обезбедат пари за училиште.

Летово таа плати за нивниот престој во камповите, беа и на одмор, но и е жал што Мустафа не е вклучен во приказната. Можеби, според изворот на споменатиот весник, се плаши дека Емина ќе ги потроши парите, иако нема причина да го стори тоа бидејќи многу успешно ја води својата козметичка компанија.

Со оглед на фактот дека турските закони во такви ситуации речиси секогаш се на страната на понежниот пол, Емина порано или подоцна ќе победи во спорот. На крајот на краиштата, таа посочи дека не се бори само за себе, туку за сите жени кои страдаат од истите проблеми.

Според договорот, Мустафа требаше да го покрие здравственото осигурување на децата и да ги плати трошоците за нивните патувања и летни одмори. Тој наводно не исполнил ништо од тоа.

Локални избори 2021