вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 59
home Познати

Нејзината славна сестра е модна икона, а таа направи модна катастрофа (ФОТО)

Нејзината славна сестра е модна икона, а таа направи модна катастрофа (ФОТО)

Што се однесува до модата, дефинивно не може да угледа на Кејт, иако веројатно би требало.

Иако нејзината родена сестра, војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, важи за модна икона, чиј стил го копираат милиони жена ширум светот, истото не може да се каже и за Пипа Мидлтон.

Таа вчеравечер се појавила на хуманитарната вечера организирана од добротворната организација „British Heart Foundation“, во едно од најлошите модни изданија.

Сестрата на прочуената војвотка од Кембриџ, носела долга шарена креација, со карнери во пределот на рамената, која воошто не ѝ прилега на нејзината градба.

Покрај црната тоалета со бели, портокалови и црвени детали, со себе носела и црвена ташна.

Иако жестоко е критикувана за изборот на тоалета, Пипа ги добила сите пофалби за изгледот, бидејќи се породи пред само шест месеци.