вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 1
home Познати

Нејмар му подари на Леброн дрес од ПСЖ

Нејмар му подари на Леброн дрес од ПСЖ

Францускиот фудбалски шампион Пари Сен Жермен на својот Твитер профил објави фотографија на ѕвездата на тимот Нејмар со четирикратниот МВП во НБА лигата Леброн Џејмс. Бразилецот му подари на 33-годишниот кошаркар дрес од ПСЖ со бројот 23.

За потсетување, ова лето Леброн се пресели од Кливленд во Лос Анџелес Лејкерс потпишувајќи четиригодишен договор за 154 милиони долари.

(Миа)