четврток, 6. август 2020. Вести денес: 58
home Познати

Неговите родители се откажаа од кралските должности, дали Арчи ќе добие титула?

Неговите родители се откажаа од кралските должности, дали Арчи ќе добие титула?

Меган Маркл и принцот Хари избраа да го одгледат својот син надвор од кралскиот “меур“. Но, дали Арчи Харисон може да биде со кралска титула?

Со оглед на тоа што Меган и Хари се откажаа од кралските должности, Арчи не доби крунисување при раѓањето, но дали ќе го добие во иднина, односно кога и ако некогаш се ожени?!

Тоа останува да се види, но нема сомнение дека едногодишниот Арчи ќе добие барем една кралска титула во иднина.

Уставниот експерт, Ин Мек Мартана објасни: Во случајот со Арчи, работите ќе се менуваат по смртта на кралицата. Кога дедото на Арчи, синот на кралицата Елизабета – принцот Чарлс ќе стане крал, тогаш Арчи автоматски ќе стане принц.

„Во тој момент, со закон, Арчи ќе стане доживотен принц од Сасекс, без разлика дали тој ќе сака или не. Ова произлегува од патентот на писмата на Џорџ V од 1917 година со кој се уредува HRH“.

Дали Арчи ќе избере да ги користи своите кралски титули во иднина, останува на негова одлука која би ја донел кога ќе наполни 18 години.

Коронавирус