понеделник, 20. јануари 2020. Вести денес: 0
home Познати

Неговиот одговор ќе ги измести од колосек сите судски одлуки- еве со кого сака да живее синот на Северина

Неговиот одговор ќе ги измести од колосек сите судски одлуки- еве со кого сака да живее синот на Северина

Хрватската пејачка Северина Којиќ поднесе две жалби на пресудата на општинскиот граѓански суд кој на познатата пејачка и го одзеде синот и одреди момчето да живее со неговиот татко.

Адвокатите веќе поднесоа жалба за одредувањето на привремената мера да бизнисменот Милан Поповиќ не смее да го донесе детето во Хрватска бидејќи од Северина поранешниот сопруг побара таа да му го даде хрватскиот пасош на детето.

Хрватскиот портал „Јутарни“ дознава дека во својата жалба Северина на дваесетина страници се образложува зошто таа смета дека треба да се укине оваа мерка на судот.

Меѓу другото таа пишува дека судот воопшто не треба да одлучува со кого ќе живее детето, а притоа не го земале во обѕир дека детето има право да знае каде ќе живее, да го запознае со семејството кое треба да му биде дом и да постапи според конвенцијата на ОН за правата на децата. Детето мора да се праша за мислење и да биде запознаен со сите прашања кои влијаат на неговиот приватен живот.

Адвокатите сметаат дека донесената пресуда не била според човековите права и истата била непристрасна.

До одлуката на повисокиот суд во Хрватска Северина ќе мора да ја почитува оваа одлука да детето живее со таткото.

Инаку пејачката наведува и дека судот мора да го праша детето со кого сака да живее и е убедена дека неговиот одговор ќе биде во нејзина корист.