понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Познати

„Не знам да уживам во парите добиени на тој начин“: Тијана Дапчевиќ откри како за неколку секунди добила вртоглава сума на пари

„Не знам да уживам во парите добиени на тој начин“: Тијана Дапчевиќ откри како за неколку секунди добила вртоглава сума на пари

Пејачите во денешно време се делат на оние кои со двете раце прифаќаат бакшиш и оние кои овој вид на заработување на пари го сметаат за недостоен.

Тијана Дапчевиќ од друга страна пак припаѓа на втората група на пејачи, иако не крие дека во една прилика заработила неверојатен бакшиш.

-Во кафеана никогаш не сум добила бакшиш, но сепак имам добиено во една прилика кога на еден господин му запеав на увце, вели Дапчевиќ за српски „Телеграф“.

Таа додава дека тогаш тој за неколку секунди и дал 1.000 евра и тоа било најголемиот бакшиш кој го има добиено.

-Инаку јас не знам да уживам во парите добиени на тој начин, можеби бидејќи немам многу големо искуство по кафеаните на таков начин на пеење. Тоа е до некаде и нормално бидејќи не се занимавам со народната музика,вели Тијана.

Коронавирус