понеделник, 17. декември 2018. Вести денес: 59
home Познати

Не живее со сопругата и ќерката: Непознати детали за новиот член на „Ѕвездите на Гранд“

Не живее со сопругата и ќерката: Непознати детали за новиот член на „Ѕвездите на Гранд“

Џорџе Давид е новиот член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ кој дојде на местото на Аца Лукас.

Пејачот со месеци не живее со својата ќерка и сопруга иако со неа се во брак.

-Џорџе цело време живее со семејството поточно со мајка му, додека сопругата Ана и ќерката Сташа живеат посебно во друг стан. Тој се гледа со сопругата и детето, но соседите го гледаат дека се враќа во станот каде што живее. Иако, неодамна почина неговата мајка Џорџе продолжи да живее сам во станот. На никој не му е јасно што се случува, вели извор за Блиц.

Овие информации ги потврди и самиот пејач кој истакна дека не живее со сопругата поради нерешно станбено прашање.

-Не живеам со сопругата, Ана со ќерката живее во еден стан, а јас во друг. Се е во ред, сопругата ја сакам најмногу на цел свет, но поради одредени животни околности не живееме заедно, се додека не го решам станбеното прашање, вели Џорџе.

За потсетување, Џорџе на 50 години стана татко кога неговата сопруга му роди ќерка.