понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 94
home Познати

Не стопира: Еди Марфи го чека своето десетто дете со 18 години помладиот модел (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Не стопира: Еди Марфи го чека своето десетто дете со 18 години помладиот модел (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Славниот комичар и еден од најомилените актери на повеќе гернерации, 57 годишниот Еди Марфи на своите потомци „работи“ уште од 1989 година и досега има добиено девет деца со пет различни жени. Како што пишува австралискиот Дејли Мејл, Марфи го очекува 10-то дете со својата девојка, 39 годишниот модел Пејџ Бачер, а парот не сакаше да ја коментира таа вест.

Парот е заедно од 2012 година, а веќе ја имаат 2 годишната ќерка Изи Оону. Комичарот и манекенката сакаат приватност и не говорат во јавност за својата врска, а немаат ниту профили на социјалните мрежи. Еди и Пејџ се запознале уште во 2006-та година, на сетот на комедијата „Куќата на дебелата мајка 2“, но тогаш немаше никакви искри меѓу нив.

Марфи со поранешната сопруга, 50 годишниот модел Никол Мичел има ќерки, 28 годишната актерка Бриа, 18 годишната Золу Ајви, 23 годишната Шејн, 16 годишната Бела и 25 годишниот  син Мајлс. Комичарот со директорката за кастинзи, Тамара Худ го има синот, 27 годишниот Кристијан, додека со Паулета МекНели го има 29 годишниот син Ерик.

Марфи од кратката афера со 42 годишната пејачка Мел Би ја има 11 годишната ќерка Ејнџел Ирис. Комичарот не сакаше да го признае татковството пред ДНК анализата и истакнуваше дека не се знае дали тоа дете е негово. Мел Би ја роди Ејнџел на 46-от роденден на Еди Марфи, на 3 април 2007 година, а два месеци подоцна објави дека ДНК тестот докажал дека славниот актер е татко на нејзината ќерка.

Децата се најдобриот дел од мојот живот. Мојот свет се врти околу нив, во една прилика кажа славниот актер, еден од омилените на повеќе генерации.

Најнови вести

Коронавирус