четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 154
home Познати

„Не сте свесни колку сте моќни!“: Славната двојка ги покажа неверојатните фит тела

„Не сте свесни колку сте моќни!“: Славната двојка ги покажа неверојатните фит тела

Пејачката Никол Шерцингер (41) и Том Еванс (34) ги воодушевија фановите со своите извајани тела.

Пејачката објави фотографија од теретана, а многумина им завиделе на неверојатните фигури.

Никол неодамна потврди дека се забавува со ѕвездата од „X Factor“, Том Еванс и парот оттогаш не се одвојува. Тие врската првпат ја потврдија на доделувањето на Златните глобуси.

Новиот пар неодамна беше на одмор во Мексико и откако се врати во Лос Анџелес е во теретана.

Таа објави фотографија од неа и своето момче додека вежбаат и воодушеви милиони фанови.

„Не сте свесни колку сте моќни“, гласи еден од многуте коментари на воодушевените следачи.

„Најлоша вежба е онаа која не ја правите. Нова недела, нова деценија, ново размислување и бескрајни можности“, напишала Никол во описот на фотографијата.

Инаку, на профилот на Том секојдневно има коментари дека е среќен човек бидејќи ја има Никол и дека е нереално убава.

извор: tocka.com.mk

Најнови вести

Коронавирус