понеделник, 19. август 2019. Вести денес: 1
home Познати

„Не се срамам“: Вака пред 7 години изгледаше Теа Трајковска на матура (ФОТО)

„Не се срамам“: Вака пред 7 години изгледаше Теа Трајковска на матура (ФОТО)

Младата и талентирана пејачка Теа Трајковска која неколку години е новата надеж на македонската забавна музичка сцена, се присети на деновите кога беше матурантка.

Судејќи по нејзиниот изглед, можеби помислувате дека тоа било минатата година, но Теа веќе брои седум години откако ја зема дипломата за завршено средно образование.

Оттогаш помина многу, а Теа успешно го продолжи и заврши понатамошното образование на музичката академија во Скопје.

Па така, во периодот на матурските прослави и годишнини од матура, Теа во постарите фотографии ги побара токму оние од нејзината матурска вечер.

Тогаш имала долга црвена коса, некој килограм повеќе и доста впечатлив изглед за матурската.