петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 133
home Познати

Не се појави на судењето за старателство: Дарко Лазиќ сега покажа каде е и што прави

Не се појави на судењето за старателство: Дарко Лазиќ сега покажа каде е и што прави

Марина Гагиќ се појави денеска, четврток, 14 октомври, во придружба на адвокат во Основното јавно обвинителство во Рума, на првото рочиште одржано по нејзината тужба против нејзиниот поранешен вереник Дарко Лазиќ, со цел да се одреди старателството над нивниот син Алексеј.

Фолкерoт не се појави, а сега откри на Инстаграм каде е и што прави.

Имено, тој објави видео од Египет каде се сонча и пие, а друштво му прави девојката Барбара Бобак. Барбара и Дарко лежат на лежалки и се сончаат, а Бобак покажа три прста во еден момент.

Да потсетиме, Марина Гагиќ го тужеше Дарко затоа што не можеше да се договори со пејачот надвор од судот.

Откако заврши судењето, Гагиќ за Телеграф.рс откри за што зборуваа во судот.

– Дарко не се појави очекувано. Знаев дека нема да дојде. Следното рочиште е закажано за следниот месец, па ќе видиме дали ќе дојде – рече таа.

Коронавирус