недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 78
home Познати

НЕ СЕ ДВОЈАТ ЕДЕН ОД ДРУГ НИТУ СЕКУНДА: Џенифер Лопез и Бен Афлек пристигнаа во најромантичниот италијански град (ФОТО)

НЕ СЕ ДВОЈАТ ЕДЕН ОД ДРУГ НИТУ СЕКУНДА: Џенифер Лопез и Бен Афлек пристигнаа во најромантичниот италијански град (ФОТО)

Бен Афлек пристигна во Венеција по повод 78 -от филмски фестивал во Венеција, придружуван од Џенифер Лопез, а парот беше фотографиран како се качува на туристички брод.

Дејли Мејл пишува дека тие го обиколиле градот веднаш по пристигнувањето. За таа пригода, Џенифер носела бел фустан со тантела, кој го усогласи со елегантна чанта и очила за сонце.

Бен дошол со пообична облека, носел црни панталони и маица, и двајцата носеа заштитни маски, кои ги носеа на лицето додека не испловија. Се чини дека се добро расположени, држејќи се за раце цело време.

Инаку, филмот „Последниот дуел“ во режија на Ридли Скот, напишан од Бен со актерот Мет Дејмон, денеска ќе биде премиерно прикажан. И двајцата глумат во филмот заедно со Адам Драјвер и Џоди Комер.

Локални избори 2021