понеделник, 26. август 2019. Вести денес: 2
home Познати

Не потпишала предбрачен договор, па сега дебело ќе плати: Адел половина од богатството мора да му остави на сопругот по разводот

Не потпишала предбрачен договор, па сега дебело ќе плати: Адел половина од богатството мора да му остави на сопругот по разводот

Пејачката Адел ќе мора да го подели своето богатство на половина, односно милиони од нејзината банкарска сметка ќе треба да префрли на сметката на својот поранешен сопруг.

Адел и Симон се запознале во 2011 година преку заеднички пријател, пејачот Ед Ширан. Адел потоа доживеа неверојатен успех во кариерата со албумот „21“.

Во октомври 2012 година го добија синот Анџело, а во 2016 се венчаа. Според магазинот „Тајмс“, Адел и Симон не потпишале предбрачен договор за поделба на имотот. Според извори на „Тајмс“, се проценува дека богатството на Адел надминува 160 милиони евра и дека половина ќе мора да му даде на поранешниот сопруг.

Адел има издадено три албуми „19“, „2“ и „21“, кои ја направија една од најбогатите жени во музичката индустрија во Велика Британија.

Во 2016 година беше на врвот на листата најуспешни луѓе во Велика Британија под 30-годишна возраст. Тогаш нејзиното богатство беше проценето на 106 милиони долари.