среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 150
home Познати

Не обелоденуваат детали за раѓањето на бебето: Меган Маркл нема да се породи во болница

Не обелоденуваат детали за раѓањето на бебето: Меган Маркл нема да се породи во болница

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл соопштија дека одлучиле да не обелоденуваат детали околу раѓањето на нивното бебе.

Кенсингтонската палата наведува во денешното соопштение, дека Хари и Меган со задоволство ќе ја споделат радосната вест по приватната семејна прослава.

Според „Дејли мејл“ пак, војвотката од Сасекс нема да се породи во болница.

Кралската двојка го очекува првото дете при крајот на април или почетокот на мај.

Локални избори 2021