петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 164
home Познати

НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОМИРИ ДЕКА ТОЈ Е ВИНОВЕН: Дарко Лазиќ по семејната трагедија не личи на себе, секојдневно прима инфузии (ФОТО)

НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОМИРИ ДЕКА ТОЈ Е ВИНОВЕН: Дарко Лазиќ по семејната трагедија не личи на себе, секојдневно прима инфузии (ФОТО)

Српскиот пејач Дарко Лазиќ поминува низ најтешкиот период во 2020 година, откако неговиот татко почина на операција за стеснување на желудникот која му ја препорачал неговиот син.

Близок пријател на пејачот за српските медиуми вели дека пејачот има мачнини при јадењето и дека нема апетит.

„Дарко се преполови откако го стесни желудникот, а по смртта на неговиот татко не јаде ништо. Сите во семејството го опоменуваат, најмногу брат му Драган за последиците… Организмот воопшто не му бара храна, стана сит“, вели изворот.

Тој додава дека викендов пејачот во Белград примил и неколку инфузии во болница бидејќи не му било добро.

„Лекарите му рекоа дека треба да јаде, бидејќи може да му се намали имунитетот. Сите го тераме да јаде и да се врати во нормала, но тоа е невозможно“, вели изворот.

Коронавирус