среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 136
home Познати

НЕ ЛИЧИ НА СЕБЕ: Беше најубава Хрватка, лошиот брак ја уништи, а пластичните операции целосно ја докрајчија (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

НЕ ЛИЧИ НА СЕБЕ: Беше најубава Хрватка, лошиот брак ја уништи, а пластичните операции целосно ја докрајчија (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Нина Мориќ во далечната 1995-та година беше прогласена за мис на Хрватска, кога пленеше со својата специфична убавина и завиден секспапил. Но, како денес изгледа некогаш најубавата Хрватка?

Ја „покори“ речиси цела Европа уште како 20 годишна девојка, се вбројуваше меѓу најуспешните манекенки во тоа време, а светската слава ја стекна во спотот на Рики Мартин „Livin La Vida loca“, кој изобилуваше со експлозивни сцени во кои токму Нина беше во прв план.

Атрактивната црнка потоа се пресели во Италија, а со растот на популарноста, пристигнуваа и бројни понуди за работа, вклучувајќи и телевизиски ангажмани. Нина се реши да заплови во телевизиските води, но паралелно со тоа растеше и нејзината желба да остане вечно млада и уште поатрактивна.

Од година во година, пластичните операции на нејзиното лице се повеќе се приметуваа

Тогаш влезе во светот на естетската хирургија, а од истиот се нема извлечено се до ден денешен. Кога во мај оваа година се појави во италијанската верзија на „Големиот брат“, јавноста беше шокирана од нејзиниот изглед, а Италијанците ја нарекоа „мртвата невеста“, споредувајќи ја со лик од цртан филм.

Таа на почетокот не криеше дека е зависна од пластични операции и дека за тоа е виновен нејзиниот поранешен сопруг.

Нина во 2001-ва се омажи за познатиот бизнисмен Фабрицио Корона

-Фабрицио ми „наби“ бројни комплекси поради физичкиот изглед, затоа толку пати подлегнав на операции, изјави Нина. Сепак, загрепчанката сега тврди дека естетските зафати за неа се минато и дека филтрите на Инстаграм се виновни што сега изгледа непрепознатливо.

Манекенката имаше бурен љубовен живот- позади неа се два брака. Првиот со Италијанецот Фабрицио Корона кој траеше 13 години и со него го има синот Карлос, кој му припадна на таткото. По разводот, долго време водеше битка за неговото старателство, поради и што се обиде да се самоубие откако испи голема количина на таблети.

Набрзо по распадот на бракот со Корона, таа се омажи за бизнисменот Масимилијано Досие, но оваа врска се распадна по само два месеци. Нејзината агонија и понатаму трае, а минатата година Нина ја отвори душата за медиумите, изјавувајќи дека синот може да го гледа само во контролирани услови, иако неговиот татко моментално е во затвор и за детето се грижи бабата.

Исто така, 16 годишниот Карлос минатата година повеќе од осум месеци одеше на невропсихијатрија, а очекувано, не е премногу приврзан кон мајка си.

-Ми рече дека не сака да биде со мене поради баба му која за мене му зборува многу лошо. Морав да одам на тест за дрога и ми скратија 20 сантиметри од косата. Ја презирам дрогата и резултатите беа негативни. Морав да одам и на психијатриско вештачење две години и таму заклучија дека сум прекрасна мајка, но тоа никој не го зеде во предвид, раскажува Нина за порталот 24сата.хр.

Еве како денес изгледа Нина Мориќ на 41 година:

E 42 sia.?? Grazie per gli auguri. Vi adoro.??

A post shared by Nina Moric (@nina__moric) on

Persino d’estate Milano ha il suo perché. @numero00

A post shared by Nina Moric (@nina__moric) on

Il bello dei mondiali. Forza Croazia ??

A post shared by Nina Moric (@nina__moric) on

Va tutto bene, ma @_nicologrossi_ mollami un attimo… ?❤

A post shared by Nina Moric (@nina__moric) on

Коронавирус