Тамара Тодевска вечерва ќе ја претставува Македонија во финалето на Евровизија која годинава се случува во Тел Авив, Израел.
Македонија настапува под редниот број 8, а Тамара ќе ја изведе песната „Proud“.
По повод вечерашниот настап се огласи и Тијана Дапчевиќ на својот Инстаграм профил и даде целосна поддршка на Тамара.
-Се уште сум под впечатоци и сум најгорда сестра на свет. Вечерва можеме и мораме сите да гласаме за бројот 8, за повторно да издоминираме, те сакам Тамарааааа, и порача Тијана.
По ова веднаш следуваше коментар на Тамара во нејзин стил и порача „Аххх ,многу те сакам и многу ми фалиш“.
Овој коментар е доволно од јасен дека сестрите буквално не можат да живеат една без друга.