вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 114
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ протестира со возила против ненародната власт предводена од СДСМ

home Познати

Не ги послуша строгите забрани на докторите: По тешката операција на срце, Џеј мора да побара помош поради страшен проблем

Не ги послуша строгите забрани на докторите: По тешката операција на срце, Џеј мора да побара помош поради страшен проблем

На Џеј Рамадановски, по тешката операција на срце која ја имаше во октомври минатата година, лекарите строго му забранија да консумира алкохол, меѓутоа, фолк-пејачот не ги послуша. Иако се откажа од „виски“, Џеј секој ден пие четири шишиња вино од половина литар, а одвреме-навреме пие и ракија, што повторно му предизвика здравствени проблеми.

-Порокот му го загрози срцето, така што ќе мора да побара спас. Одлучи да му стави точка на пиењето, а и не му е првпат да оди на одвикнување од алкохол, така што се’ му е добро познато. Повторно почна да кашла и да добива напади на гушење, а тоа многу го вознемири. Не дозволува тоа да го забележат неговите деца и пријатели, а не му се одразува ни на работата, земајќи предвид дека се посвети на снимањето нови песни. Но ако продолжи да живее боемски живот, се плашам дека е прашање на ден кога ќе падне, раскажа негов добар пријател, а потоа одлучи да се огласи и Џеј.

Тој размислува да побара помош, малку да се консултира со стручни лица за одвикнување.

-Тоа сигурно ќе го направам деновиве. Сега не пијам многу, барем не како порано, но подобро е да го намалам до минимум. Тоа не е нешто страшно или срамотно, па затоа никогаш не молчам на оваа тема, призна пејачот.

Коронавирус