петок, 10. јули 2020. Вести денес: 166
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

Во живо

Мицкоски ја промовира програмата на ВМРО-ДПМНЕ во Пехчево

home Познати

Не е само Тијана – Ајфон… Еве кои се’ српски старлети до сега се апсени за елитна проституција! (ФОТО)

Не е само Тијана – Ајфон… Еве кои се’ српски старлети до сега се апсени за елитна проституција! (ФОТО)

Старлетите  од реалните шоуа во кои тие се прославуваат, кои ги полнат насловните страници на медиумите, најчесто завршуваат на страниците на црната хроника заради проституција. Тие живеат на висока нога и често се фалат со својот луксуз на социјалните мрежи и во медиумите.

Така, минатата година три учеснички од реалното шоу „Задруга“ беа приведени и  испрашувани од полицијата заради аферата „Елитна проституција“. Тогаш во полициска станица завршија Ана Кораќ, Сања Станковиќ и Мина Врбашки.

Сенада Нуркиќ позната како Маца – Дискреција, која се прослави на Јутјуб и по учеството во реалните шоуа „Парови“ и „Задруга“, честопати објавува видеа и фотографии на социјалните мрежи каде лежи гола по собите и бањите на разни хотели.

Минатата година таа беше уапсена во еден белградски хотел за проституција, по што плати и парична казна. Ова не и е првпат да биде уапсена за ова дело.

Милица Живановиќ, попозната како Мими – Оро, уште една ријалити старлета, беше уапсена во 2014 година заедно со седум други девојки исто така за проституција.

Учесничката во неколку сезони на реалното шоу „Задруга“, Мина Врбашки, во шокантна исповед пред камерата призна дека се занимавала со проституција на 16-годишна возраст, тврдејќи дека тоа го сторила за да заработи пари за себе и своето семејство.

Уште една учесничка во „Задруга“, Сања Станковиќ, во последните неколку месеци е личноста чие име се’ повеќе провејува низ темата проституција. Особено од моментот кога Станија Добројевиќ во реалното шоу „Задруга“  ја обвини дека се занимавала со проституција, по што таа ја праша дали името Михајло значи нешто за неа, бидејќи се претпоставува дека алудираше на осудениот макро. Се пишуваше дека списокот на девојки кои „работеле“ за него бил пронајден во неговиот лаптоп.

За скандалозната Анѓела Митковски попозната како „Вештица“ е познато дека е веќе познато дека е поранешна порно актерка, танчарка, стриптизета и фото модел.
Јелена Круниќ тврдеше за неа во „Задруга“ дека е сведок на нејзините „работи“ што ги правела за одредени макроа, и дека кога дознала дека е проститутка, престанала да се дружи со неа, пишува АТВ.

Парламентарни избори 2020