вторник, 15. октомври 2019. Вести денес: 0
home Познати

НБА кошаркарот Бобан Марјановиќ во улога на убиец во третиот дел на „Џон Вик“ (ВИДЕО)

НБА кошаркарот Бобан Марјановиќ во улога на убиец во третиот дел на „Џон Вик“ (ВИДЕО)

Српскиот НБА кошаркара Бобан Марјановиќ, заедно со Киану Ривс, се појавува во улога на платен убиец во ударната сцена на третото продолжение на акцискиот трилер „Џон Вик“, објави „Волстрит Џурнал“.

Уводната сцена на тепачка помеѓу ликовите на Марјановиќ и Ривс се одвива во импресивната Њујоршка јавна библиотека.

Весникот наведува дека продуцентите на филмот биле импресионирани од градбата на Марјановиќ, кој е висок 221 сантиметри. Во филмот се појавува и холивудската актерка Хали Бери.

– Искрено, бев многу повозбуден од доделувањето на улогата на Марјановиќ, отколку на Хали Бери, изјави режисерот на филмот Чад Стахелски.

Марјановиќ, кој оваа сезона игра за Филадалфија Сиксерс, се има појавено во уште два филма. Тој играше во српскиот филм „Ќе бидеме светски шампиони“, кој говори за кошаркарската репрезентација на поранешна Југославија од 1970 година.

– Се што правев е што трчав наоколу во тесни шорцеви, вели Марјановиќ за оваа улога.

Тој не се сеќава во кои други филмови гостувал, но вели дека „знае оти имал неколку улоги“.

– Прво не знаев зошто ме поканија да играм заедно со Киану Ривс, но потоа сфатив дека тоа е поради мојот добар изглед, вели српскиот кошаркар.

Најнови вести