И според научни параметри и математички стандарди, актерот Роберт Патинсон е прогласен за популарен човек со најубаво лице на светот.
Британскиот хирург д-р Џулијан да Силва открил начин да пресмета колку е совршено нечие лице, што се заснова на процентуалниот сооднос на усните, брадата, очите и другите карактеристики.
Откриено е дека резултатот на Патинсон е најблизу до совршената форма, дури 92,15 проценти.
-Тој беше меѓу петте совршени во скоро секоја категорија на мерење, бидејќи сè на лицето му е класично. Единствената категорија во која постигна малку помал резултат беше формата на усните, кои се малку потенки и помалку привлечни, рече Де Силва.