четврток, 22. август 2019. Вести денес: 99
home Познати

Натали го нарече „морничав стар човек“, а сега Моби со доказ го возвраќа ударот

Натали го нарече „морничав стар човек“, а сега Моби со доказ го возвраќа ударот

Моби беше изненаден од изјавата на Натали Портман која го опиша како гаден постар човек, но и покрај тоа тој тврди дека биле во врска.

Музичарот кој неодамна објави мемоари во кои го опишува својот подем и пад, а во кои ја опиша и наводната кратка врска со познатата актерка, во својата автобиографија напиша дека таа имала 20 години, а тој 33.

Но, таа вели дека тоа не е вистина и тие се сретнале кога имала само 18 години, кратко време откако дипломирала во 1999 година.

Натали вели дека тие никогаш не биле во врска и оти тој е „еден постар човек, кој знае малку и да претера“.

-Нашето познанство не беше врска. Неговото сеќавање е како на чуден постар човек кој кон мене се поставил прилично морничаво. И немав 20, туку 18 години. Бев тинејџерка, која штотуку заврши средно образование, истакна Портман.

Моби признава дека тоа се случило во 1999 година, кога таа имала „одвај” 18 години, но инсистираше на тоа дека тие биле во романтична врска.

„Неодамна прочитав озборување во кое Натали Портман вели дека никогаш не сме излегувале. Тоа ме збуни, бидејќи ние, всушност, излегувавме. А потоа останавме пријатели. Ми се допаѓа Натали, ја почитувам нејзината интелигенција и активизам” , напиша тој на „Инстаграм“.